и (сврз.) - создаде (гл.)

Со еден радикално конструктивистички гест Ататурк го укина старото писмо, коешто се пишуваше со арапски букви и беше мешавина од персиски, турски и арапски, и создаде нов службен јазик од народниот турски.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
62. Други нѐ разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, разни потребности, нерамна положба. Други и не ни даваат да се соединиме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Само еден миг“, рече царот. Се сврти кон масата пред која што стоеше. На неа се наоѓаше машината што тој самиот ја измислил и создал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
29. Илинденското востание несомнено беше вешто однадвор инспирирано при што беа привлечени за него и предани претставници на самостојната македонска ослободителна борба, но народот, како што вели Н.Вапцаров, “си влеа своја содржина” и создаде епопеја што стана углед и поттик за идните револуционерни подвизи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)