и (сврз.) - страда (гл.)

Настапија тешки часови. По цели дни таа плачеше, а пак јас како некој инквизитор полуден од љубомора - ја мачев, ја навредував и страдав заедно со неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Што е народ? Заедница од крвно сродство која заеднички трпи и страда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Та нели искушенијата ваши само покажуваат дека Бог правилно ве проценил и оти вистина сте достојни да го наследите царството Негово, за кое и страдате?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сочувствителен со страдањата на својот народ, Коста бил готов да дели сѐ што имал со оние што немале и страдале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)