и (сврз.) - кого (зам.)

Внимавај што и кого цитираш. Анализирај го контекстот како мрачна шума во која вирее твоето дрво.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А еднаш, кога имало некоја побуна од работниците во Белград, сите нив, и кого затекнале и кого не затекнале во шнајдерницата на Коста, ги затвориле џандарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Којзнае кај се крие болеста, вели Уља, јатрва ми, којзнае кого го уми, сега, и кого го демне, сега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После, во џандармеријата, некои ги испуштиле, и ги избркале назад во Македонија, некои ги затвориле, а тој, Видан, кого го сметале за Србин и предавник, од сите најмногу окркал, и ќотек и затвор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)