и (сврз.) - јаска (зам.)

НЕДА: Таа за ништо не се распрашува и... и јас не би можела да поверувам дека би го сторила тоа против мене...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се качував, полека, скала по скала, и кога ќе дојдев до највисоката греда, ја ставав раката над очите и гледав кон креветот, но секогаш скалата божем ќе се занишаше и јас јурнав надолу, од другата страна на скалата; потем повторно се качував, повторно гледав, но повторно нозете ми јурнуваа надолу, и ништо не виѓавав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Не можам ни да ги мрднам нозеве. Мртви се, и јас со нив, до колковите.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Сè е под контрола“, го слушам успокојувачкиот глас на Виктор, кој како да ги следи моите размисли, и јас, наеднаш , како по заповед, ѝ се препуштам на ведрината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Аким се доближи до мене. Врелата пара на млекото ме удри в лице и јас отстапив еден чекор очекувајќи нешто непријатно од ова неразбрано и силно момче: прст в око, нокти в грло.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)