и (сврз.) - вистина (имн.)

И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да не се признае тоа значи да се затаи (dissumuler) текстот, да се ограничи лектирата, значи да се ограничи движењето на науката и вистината.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но колку и лагата и вистината да ги видоизмениле своите ликови, колку и да се извртиле поради упорноста на лажговците и слабоста на вистинољубивите, сепак тие никогаш не можат да станат она другото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја одрекува и вистината и лагата. Не постојат тука допирни точки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Личностите и епизодите од грчко-римскиот свет ги бирал, неспокоен, по долги бдеења над процепот меѓу историските факти и вистината, над парадоксите на судбината и драмата на оживотворувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)