и (сврз.) - дол (имн.)

Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа, ниско наведнати, се оддалечуваа неколку метри наназад и таму зад карпите, во трапот и долот - се празнеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби затоа што има нешто во мене што соодветсвува, зашто е тоа ем строга фигура, ем нескротена сосем, упатена со десниот врв кон нешто далечно напред, кон она што е таму на крајот, зад ридјата и зад планините, зад капците и доловите, во правецот во кој беше тргнало да ита и она дете со торбето на грбот, со русото перче и црвените обравчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очите му грабаа од далечините, мислите му летаа над кориите и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)