и (сврз.) - жртва (имн.)

Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Со оглед на тоа што Ратка беше физички надмоќна Трпе стана дури и жртва на семејно насилство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Искрено, чувствував пркосна милина од кршењето на правилата на игра кои ветуваа брза слобода, спасена од преголеми возвишувања, страдања и жртви.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
17. ЛУТО ЈАДИ, А ЗБОРУВАЈ БЛАГО - за единство на противречјата поднеси и жртва, но на таа животна теорија, иако не ни е драго, практиката, нејзината мајка, одамна ѝ била мртва...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Онисифор Проказник со мака голтнал капка танка ракиичка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2.  Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Сл. весник на РМ, 5/09. 3.  Закон за условите за засновање работен однос со странски државјанин, Сл. лист на СФРЈ, 11/78 и 64/89. 111 Како позитивни промени може да се истакнат: овозможувањето самовработување на странците во РМ, воведувањето на антидискриминаторни одредби, мерки за заштита на домашната работна сила и право на работен однос на азиланти, бегалци и жртви на трговија со луѓе, како и пропишувањето на обврска за обезбедување на минимални права за работно време, одмор, плата, безбедност при работа за странските работници.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Не знам. Секоја судбина е приказна за себе,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тогаш и жртвата што ја прават некои мајки за своите деца не е жртва, затоа што она што го прават, го прават за себе, за нешто што го доживуваат како дел од себе?,“ се вмешав во разговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сине на животов, не жали ја насмевката. Ти си ѝ и господар и слуга. И победник и жртва. И бегалец и прогонувач.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нема чедо кое, во пролеаните солзи по упокоената мајка, не ја изразува својата тага поради загубената можност да ѝ се оддолжи за сите нејзини страдања и жртви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)