и (сврз.) - занес (имн.)

Сите текстови во тематов се преземени од словенечкото списание “Casopis za kritiko znanosti”. превод: Ана Пејова okno.mk | Margina #32-33 [1996] 112 МУЗЕЈ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА Во Лос Ангелес, на булеварот Пико, што се наоѓа во средината на еврејскиот деловен кварт, неодамна отворија Музеј на толеранцијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Скептиците на тоа ќе приговорат со посочување на променетата природа на современиот капитализам, кој е доста поприлагодлив и во името на профитот е подготвен во строго определен опсег да промовира и содржини и идеологии што на прв поглед му се спротиставуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката преку вестите континуирано се запознава со секакви важни социјални и политички прашања (и за војната во Босна, што MTV ја „покрива“ подобро и посоодветно од секоја „сериозна“ телевизиска станица; на европската младина ѝ е овозможена поголема идентификација со тоа што јасно ѝ се дава на знаење дека во Босна умираат нејзини врсници, што ѝ се слични барем по тоа што до неодамна со подеднакво познавање и занес уживале во истите радости на популарната култура!), а преку кратките, занаетски и идејно перфектно изработени филмови цело време тече агитација за идеалите на расната, половата и културната трпеливост. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)