и (сврз.) - зет (имн.)

Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Четвртиот ден дојдоа и работниците. Двајцата, Вангел Борисоски и зет му Пандил, беа наши луѓе од Пустенец, село до езерото, отаде албанската граница.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прво седнуваше стариот Јосиф, до него од десно синот и зетот, одлево пак старата Јана, снаата и Тодора, а и сестри ѝ, додека овие не беа мажени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неделко Шијак, ако паметам сега точно, лежеше на својата кола подалеку од огновите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со нас беше и Салко Вадидуша, поцрн и од Арап, со арапски усни и зет на болниот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Масата наредена со разни салати и јадења, а единствени кои седат околу неа се двете сестри близначки и зетот Михали.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да поседи кај ќерка си и зетот, тетка ми и тетин ми - можеби месец а можеби и два.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Добро си се решила. Сестра ми и зетот велат дека нас најмногу нѐ сакаш, па дури и не ти текнува да дојдеш кај нив. А и сваќата не си ја видела од свадбата.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Околу нејзе се извишило сето семејство, синови, снаи, ќерки и зетовци, внуци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)