и (сврз.) - кош (имн.)

Утидек кај то Танас на Вета, с’та работа ма а лафик, как ми дадоа првин ришение за адно удајче во та гулемта кујќа тука прику п’тот, прику во гулемто п’т, ејми там кушници и кошови са плетат, ама ко стигнав там други курдисани, сшту к’ту нас, адна жена су многу пилци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)