и (сврз.) - немир (имн.)

Жедта за моќ и владеење, која тешко се контролирала во големите воени походи и завојувања, ќе ги предизвика трајните делби, прекројувањата на границите и немирите на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, и народите на Балканот го сочувале зачувале овој збор, со блиска, но никогаш различна конотација? рече Камилски, насочувајќи го разговорот кон ставот кој требаше да се заземе за зборот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вревата се зголемуваше и немирот, уште тука, растеше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега може да ги заборави и бессоницата и немирот на последната ноќ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жена му, научена молчаливо да поднесува сѐ во оваа куќа, нема со кого да си ги сподели своите сомневања и немири, својата тага и својот страв за единствениот син.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овде е сосема јасно, блешти со засилена светлина почетокот на ослободувањето, крајот на измачувањето полно со сомневања, страв и немир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)