и (сврз.) - одговор (имн.)

На моменти и толку директна во изјавите и одговорите што без малку те остава без здив, да не речам со подзината уста!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но секакви прашања во врска со тоа се веќе задоцнети и одговорите бесполезни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А ако поседува и малку повеќе самосвест за улогата што му е доверена би можел дури и да подрече: „Што ти е тебе, другар?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не би бил неодмерен и одговорот: „Гледај си ја другар работата!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)