и (сврз.) - панталони (имн.)

Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А беше педантен и чист секогаш, во бела кошула испеглана и панталони со раб „жилет“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој носеше црвен капут во линии како шеќерно стапче, висок, бел околувратник што го задушуваше и панталони со боја на сладолед.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И чужда ет риза ти на знага, Одгорна дреха и панталони, И стаја чужда ако е и влага, И чужди сет на нозе ти скорни.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Камо ли да дојди што поскоро тоа време, тој час кога од себе ќе ги истресите овие вошливи блузи и панталони и ќе е облечете како што им личи на девојки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Плус, ми се гледа некако „смотана”, како „загубена во вселената”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)