и (сврз.) - пес (имн.)

Пците ги осетија стапките и потрчаа кон нив, но тие се затаија и пците се вратија назад, лаејќи на ветар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вино пијат, гладно вијат и завиваат сите, и луѓето и пците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бледа е. И скромна. Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Она, му велам, Симона што го затворија. И песот негов, Гаро, му велам, душка таму и копа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Претчувствувала - тој гладувал по месо, а овците на аргачите ги чувале огнови и пци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе се стемнел, со жили и мускули во својата става за тројца, мечката бегала од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија немаше можност сѐ да чуе, ама мајката Перса и покрај тоа што плетеше нешто, во нејзините стрежнати уши влезе сѐ што изговори Пеличка и се прашуваше во себе дали момата и Песот навистина се разбираат?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Детето би требало да се чуди; сфаќа - и песот плаче со некои свои солзи, кучешки, но сеедно, плаче како што плачат луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци. Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи има вистини кои не се кажуваат во дијалог на гозба и оргија, при муслини и мириси од етерични масла и прележани вина има вистини кои не се питки и питоми вистини сами од себе кои вреват вистини за преврат за народ, аристократи и пците веќе знаат и глувците осеќаат! __
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)