и (сврз.) - пиле (имн.)

АРСО: Е, така е. Туку кај кумот ќе имаме и појако вино, и сѐ поубаво: и пилиња, и јагниња, и прасиња.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да се распукне лушпата и пилето да излезе во суровата реалност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А чорбаџиите, големите, нека јадат големи работи, крмаци, волови, биволи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не просаскав како змија, туку крикнав, гласно рикнав од што занеме сѐ по полето: и жегалците, и пилците, и ветрот од дрвјето, и жегата во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зошчо му се дури и кокошки, кога за Велигден собира по петшестотини јајца и пилиња?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Симон стои сред кујната, молчи со навалени очи, а дури по едно време, вели: Има и јунешко и пилиња пилко. Гледај како сакаш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)