и (сврз.) - поглед (имн.)

Мајсторот се налактува со двете раце на шаховското столче и погледот почнува да му шари над фигурите како аероплан во низок лет над зградите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сепак, не е толку лошо: можам да пишувам, крепејќи се од време на време со чајот и погледот на амамот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш тој се наоѓал во Стразбур, каде што два настани оставија на него голем впечаток: средбата со Хердер и погледот врз катедралата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зошто: ние, го прашав. Зашто сме двајца, одговори и погледот го сврти во другиот крај на лакот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вангел е сунизок, сув и сив. Точен е во зборот кога е во прашање работата и поглед има точен во одмерувањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас - како Снешко декемвриски, а ти смрзнати грутки снег, со срце врело зашто ќе се врати оној „првиот“... и пак со љубов и поглед ќе ме топиш мене. Твојата снегулка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Застанав над непознатите ливчиња на отец Мида и погледот ми се збираше како цела вселена ставена во црно зрно, во црн пајак, сподобие грозно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, прочитал и „Жено“ наместо „Чашо“, затоа што постојано гледал во онаа буква, Ж што се вика, центарот на клопчето-слово, а што на жена наликува, и погледот не можел да го симне од средето на клопчето!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стоеше вкочането и погледот му лебдеше над главите на судиите и на публиката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Успеав да се свртам кратко кон него и да му го видам лицето црвено како жар и погледот збунет и немирен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сите тројца ги имаат истите движења на телото, насмевката и погледот. Долгите нозе, истуреното стомаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тука беа и пријателството и љубовта и, другарството, и погледот на пријателот и смеата, неговата смеа, желбите и вербата во Големата вода, вистината за Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Топла ѝ беше раката и погледот тажен, како раката и погледот на мојата мајка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се сврте налево за да се мирисне додека сите пишуваа, дури никој не можеше да ја види - и погледот ѝ се сретна со едно од девојчињата што стоеше надвор со Ирена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Задоволството исчезна, ко жилавите корења на нашите прадедовци пред огништето што плускоти, и лулиња со синкав чад, и поглед во далечина што зборува за отсутност...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ама се стискаш, ја стегаш устата, не го пушташ каменот од под јазик. Ја вртиш главата и погледот го пушташ некаде напреку. Кај што ништо нема за гледање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)