и (сврз.) - подрум (имн.)

До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од светот не можеш да се сокриеш, треба светот да се сокрие од тебе. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 79
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега јас пораснав, имам чувство на сопствено достоинство, викендичка со градина и подрум со муниција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)