и (сврз.) - политичар (имн.)

Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Демагогијата и малограѓанскиот ситен интерес сѐ уште доминираат со јавната сцена на идеи и новата некорумпирана генерација интелектуалци и политичари богами ќе треба да вложи значајни напори да се пресмета со тој парохијален и всушност примитивен дух кој нема изградено никакво посуптилно чувство за иднина, за заедница и за делба на интересите. Маргина 35 7
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Земјоделци и планинари станаа доктори. Курвите и политичарите глумат лудило.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)