и (сврз.) - пораз (имн.)

Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Токму во тие години, ја почувствував величината на Татковата борба со сиџилите, во која доживуваше некаква победа која само тој ја разбираше, но, подоцна, го почувствував и поразот што му беше наложен од оние на кои токму откриените сиџили требаше да им ја осветлат историјата, да им го повратат загубеното минато.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но по распадот на Југославија и поразот на нејзиниот самоуправен социјализам и воведувањето на новата пазарна економија, кутрата јужна Рерублика Македонија, макар независна држава, доживува тешки транзициски години, со изгубената тешка индустрија, несреќно и мафијашки приватизирана, со пропаднато земјоделство и сточарство, со армија невработени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)