и (сврз.) - претпоставка (имн.)

Мислам дека во еден момент и отворено загатна оти токму конечното заминување на мајка му ја нагласувала потребата да биде уште поупорен во потрагата по таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
О, јас најдобро знам колку сеќавањата умеат да не измамат! ) Тоа утро покрај Пребег ме заскокотка отвореноста со која Иван застапуваше некои од своите сознанија и претпоставки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ја чувствуваше. На ова место не можеш да чувствуваш ништо друго, освен болка и претпоставка за болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму тие го истиснуваат надвор од системот на вообичаените размислувања и претпоставки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Прикаските како две нишки се плеткаат меѓусебно, од нив или крај нив се протега трета, нема почеток и нема крај, не и се знае предилката со можно име судбина или човечка потреба за измислување. тоа име може да биде и претпоставка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)