и (сврз.) - пчела (имн.)

- И козарите и пчеларите се жалат, вели, нема каде Да ги истераат козите и пчелите. Нема каде да пасат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само мравите и пчелите работат без велење, вели Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кон него веќе ројот од бубачки ита мравката тревата ја напушта црвецот кората и пчелата веќе кружи над пролетното чудо.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Да е лична ливадата, ој љуље ој. Со цвеќиња расцутена, ој. Момичките и пчелите, ој.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)