и (сврз.) - сиромав (имн.)

Толе уште тогаш со алчност ги погледа арамиите и нивните јатагани, кубури и пушки со кои овие се бранеа од Турците и со кои и колеа по некого што им паѓаше в раце да им одмаздат за многуте зулуми што им правеа на христијаните и сиромасите, како Адембег на неговите родители и нему.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегува, по него, едно војниче, застанува пред Турците и вели: - Не се овие за селење, вели, овие беа мирни луѓе и сиромаси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)