и (сврз.) - спокој (имн.)

Молеше за здравје за сите дома и за роднини и пријатели, за бериќет и спокој, а потоа отвораше книга и вака се крстеше и почнуваше одново да се моли: - Оче наш, иже еси на небесах, услиши молитву мојy, внуши моление мое во истиња Твоеј, услиши мне в прaвдје Твоеј.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе се сетам што најмногу ми недостасува, тоа е насмевката што се раѓа на моето лице и спокојот во мојата душа кога ќе се појави нов сјај во твоите очи кога доаѓаше да бидеш со мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Маглива елипса ја покрива мојава душа, можам ли да живеам без тебе!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во твоите очи го видов мирот и спокојот кога „лотосот“ ги голташе првите голтки на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Манастирската убост, тишината и спокојот, ги продадоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само еден ден или само два дена уште, само два дена! Потоа иде победа и спокој ќе се всели во замореното тело. И среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најчесто градинарот на тишината во Картагина, тишината на историјата, денес побунета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само разнобојното цветје го чуваше стариот ред и спокој. Гордоста на Раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во него лутината и спокојот, бесот и добрината, чемерот и радоста, моќта и немоќта беа толку испреплетени, што тешко можеше сам да ги раздвои.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)