и (сврз.) - стил (имн.)

Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гордана Трајкова Рада Петрушева, јас ќе станам твој фан, ми се допаѓаат твоите теми и стилот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Доколку дојде до мешање на облеката и стилот на музика, тоа е лош спој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Содржината и стилот на овие извештаи многу се разликуваат и се чини многу јасно дека дипломатските претставници кои ги пишувале извештаите (или вршителот на должноста, во отсуство на дипломатските претставници) работеле по сопствено убедување за она што е важно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330* ‌Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Цветното декорирање, внатрешното уредување и фризерството се женствени струки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите соби светкаа розово од љубовта на тој малечок ангел... а срцата лудо разиграно си шепотеа во ритмот и стилот на прекрасната пеперутка со свилени и раскошни хаљини...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)