и (сврз.) - техника (имн.)

Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа се првенствено врвните достигања во техонолгијата и техниката на индустриското производство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Токму врз тие поставки современата наука и техника ја побудија индустриската револуција и на крајот го создадоа дигиталниот изглед.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Науката и техниката се развиваа со невидена брзина и изгледаше природно да се претпостави дека ќе продолжат да се развиваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето ова е механика и техника. Ти разговараш со снимка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И на бугарските учени луѓе и на стопанствениците очите им се свртени кон морските води, кон неисцрпниот резервоар на вода - Црно Море, крај чиј брег постојат надежи дека ќе израснат огромни атомски централи за отсолување на морската вода, кои ќе бидат рентабилни, со примената на најновите достигања во науката и техниката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Комуникацијата со успиеното тело е остварена со радикалната метода на соочување на човекот и техниката. 26 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)