и (сврз.) - чест (имн.)

Зошто најпосле се дигнаа овие мирни селани против нас? — почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот, во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од едно јадење, пиење, гоштавање и чест ништо друго не покажаа овие луѓе спрема нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И кога Крсто не ѝ се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш ѝ читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И потем собранието бесчесно донесе заклучоци: да се чека сега, да не се чини ништо неразумно; со отец Кирил да се постапува благо и притворно, да не насети тој лоша мисла или дело кај дванаесеттемина; сите со насмевка блага да го поздравуваме и чест висока да му чиниме; да се чека, потем, време погодно, и при прва прилика угодна за ѓаволот, да се наклевети кај логотетот или царот до толку што да биде прогонет од дворецот, што подалеку од записот во источната и умножението на записот, од западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној кој добил првенство и чест царска да влезе низ неа бил токму таткото на отец Стефан, пречесен и благтоутробен отец Мида, кој од синот свој попрв бил во науките и знаењата, но и во срцето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ги сочини и му ги принесе на книга наресани, убави како девици што ја хранат својата невиност, тој го почести со слава и чест и го седна до него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крив ли е некој, сакат ли, лажго ли е натемаго, валкан, никаквик, мурто, или човек што за образот и честа не води многу сметка, за ибн Пајко беа небаре само чеда господови желни за прошка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ние му даваме почест и викаме ’игити вур, ама акани јеме'! Затоа сега ќе ни го предадете покојниот Сафет-ефенди, за да го погребаме како што е ред и чест да биде погребан секој Турчин.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште гроб му градиш и чест му држиш... Јас не давам раска да падне на тебе, а ти?!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се колнам во верата, совеста и честа дека ќе работам на ослободувањето на духот со сите мои сили и средства и дека никогаш нема да ги предадам тајните на револуционерното дело, а ако тоа го сторам, да бидам убиен со овој револвер или со оваа кама што ги бацувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа е дефинирано како „негативно однесување од поединец или група кое често се повторува, најмалку во период од шест месеци, а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување – чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Искрено: во чутуранга рокадата не е позната, но жена ми: вечен архитект со име и чест, директор на Заводот за урбанизам, пред годините на климаксот крк-трт време по турско есапење, ќесебашија, лока на влажната сенка што трепери низ омарнината и удира на рокада: Колку ми ја извалкале постелата?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворица сме: јас и тие: јас од тукутака ќе се расплачам, ќе се размрсулавам, тие по мене, ќе молчам јас, ќе молчат тие, јас тргни кон некаде – тие по мене, ја расипуваат играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)