и (сврз.) - чудо (имн.)

Мртво и вкочането, авторот го отстрани од дворот и чудото се случи – кучешкиот измет на кој секој ден наидуваше го снема.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ нешто фали у човека поредокот е порозен престапи пробиваат растројство и безумие завера и чудо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Заколеничи и му рече: – Постапив непростливо. Ми фалеше вербата што Господ им ја наложува на верниците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме сковал ледот И мене и брегот, во тешка зима Ме гуши ледот, ме леди снегот Во леден свет од мори и чуда.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Бесконечен миг ги чекаше зборовите и чудото. Парацелзус не ни трепна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)