и (сврз.) - ѓавол (имн.)

И ѓаволот од главата им слегувал во нозете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја сретнав и приказната за јарето и ѓаволот, за ангелот и името Божјо, слушна од устата на Ване Мицо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навечер оро вртат и ѓаволот и до него оѓаволените, темните.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ангели тропнаа на вратата, ти отвори и ѓаволот влезе, те измами, те прелага и рака за рака замина со него...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Лествичникот, братот мој ја сочува главата на раменици, јас останав Сказник и Мозаичник, ќерката на логотетот прездраве и проклетството го снема, оти се помести вселената и ѓаволот веќе не гледаше нешто што не треба во словата да се види.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Полковниците воодушевени од ова што го чуја долго стоеја гледајќи ги ликовите на ангелот и ѓаволот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)