и (сврз.) - безгласен (прид.)

Неговата крајно тврдоглава, однегувана слика за геј-љубовта чедно ја отелотворува „двојка момци што си дофрлаат топка... Мрзливи и безгласни, едно пролетно утро, во совршено единство“.72
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Денес ќе се гриземе, ѝ зборуваше во себе, онака заздишан и безгласен, на сета таа глува скаменета шума околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Даниел стоеше таму, не како оној вистинскиот, туку повеќе како негово привидение, нем и безгласен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)