и (сврз.) - бел (прид.)

На себе носеше стар волнен џамадан и бели искинати бечви, опточени со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Што ли носеше селанецот во кошницата - кој ќе знае?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јас тргнав по друг пат, според сфаќањата на моето рано окружување, многу полесен, патот на моливот и белата кошула и вратоврска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Празен во себе пред празниот и бел лист, без оној таканаречен внатрешен творечки замав, исплашен докрај од неуспехот да се обликува некаквата повест, тргнав во потрага, во барање на факти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш дојде Соња. Не ја видовме цело лето, зашто беше заминала кај тетка ѝ во Битола. Неверојатно: само за едно лето се извишила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Девојчињата беа многу смешни. Облечени како кукли - се бакнуваа, прегрнуваа, се смееја, пискаа и којзнае што шушкаа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Убавината само со убавина се разбира. Помни и врати, пак со убавина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Гледајте, нагледајте се, ако не сте виделе угул голи набабрени цицки и бели бедра како треперат на западниот ветар.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, сѐ се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбра сѐ што стана во дните по нападот, но не го сожали Мисирлијата, попот, даскалот и другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ѝ ѕвони српот, лути потта во очите, боцка осилот во грбот, а срцето е полно, преполно и секој клас ти е драг како жолтица... - зборуваше доктор Коста загледан во белите забратки и белите кошули на жетварите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утрината во дворот гласот беше се престорил во виолетови, небесни и бели венчиња – велигденчиња.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Виде папра, алпен, сини, црвени и бели цвеќенца, базер, врчки, блостур, виолетово расцутено трње и, како што му се чинеше нему, можеби уште двапати по толку други секакви растенија што тој не би умеел да ги наброи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш, во време газење лепешки, не беше згодно да се ѕирка во дворот на соседот, зошто нозете на жените им беа засукани догоре, до пушталките, па нивните бутови, обли и бели, зашто никогаш повисоко од колената не ги фатило сонце, дури до таму беа избрбешкани со лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Отсечува две китки од трендафилите, црвена и бела.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во селото на седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби нѐ пречекаа со тапани и со банани.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Крокодилот што го цртаа тие личеше на чизма, на весло, на пенушка. Личеше на сѐ, само не на крокодил.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Секако го домамија птиците од далечната шума, со многу синолички и бели поточиња.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А кога се сетив што да сторам, ги затворив очите и спокојно заспав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби ми раскажуваа за крокодилот цртајќи и самите за да ги разберам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На розовиот ѕид, искапан со ситни златни цвеќиња, висеа евтини литографии: пејсаж - модра планина од која паѓа водопад пенлив и бел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со газијарниче в рака, клисарот стрико Мијале, мало и бело старче, го метеше камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исправена на темниот орман со книги, гола и бела, грчката богиња стоеше со дигната глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој го удри по растресените и бели влакна, меки како свила, кои, за да бидат чисти, Тито мораше да ги чешла со својот остар јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Носеше на себе многу свечен зелен фустан, со бели манжетни и бела јака, црни лаковани чевли и црна чанта, а и косата ѝ беше посебно убаво направена, црна, со убав сјај.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од јагнето останаа само ушите и белото теме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Штом ќе здогледаа гулаб и младо и старо од сите маала во градот помислуваа на русата глава и сините очи на Мише, штом ќе запролетеше сите помислуваа на дворот негов на разгугутените гулаби и белиот гулабарник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Провери да не човекот од снег оживеал и се стоплил среде ден, а јас, ноќта, сум исчезнал (изѕемнал) оснежен и бел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Зад некаков срт се поткренала месечината со едно око слично на Арсовото. Личела на презрел резен дуња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ете, гледаш, сакав да го закопам во дворот на манастарот под голем и бел крст од камен.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Салко Вадидуша, зет му на покојниот Неделко Шијак, дојде да разговара со мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо Арнаутче и белата подвижност во прозорецот се покриле со танок слој стопен бакар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најнапред влегоа во продавницата за леб и бело печиво.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана, со пушката в раце, зад своето дрво и бел в очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замрзната темничина и бели блокови мраз, во кои стоеше скочанет и нем еден единствен заплисок на водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Никогаш не го прашував ни како се вика, ни што работи зашто еднаш или двапати го видов како стои во темен костум и бела кошула и си го чека директорот до автомобилот, а тој голем, црн и изгланцан, ја „мерцедес“, ја „БМВ“, не знам, па веднаш знаев дека е шоферче на некој голем буџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си идам јас оздола, вели, на еден жванец му ги стегав колцата, му клавав каврани, му ги опточував со шини, со обрачи и со тасои, вели, и гледам нешто ми се црнее на патот. Црно и бело заедно, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, постепено, тој води кон “топењето”, или синтезата на спротивностите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Исус, Нерон! Погледна околу себе и виде бели ѕидови, бел кревет, бела покривка и бело небо зад решетките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го пречека модра тишина и бел зрак врз неуредниот кревет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но во спалната соба добрите парфеми ме смирија, и белите огледала, нежно-жолтите перници, многу скапоцености што знаат да го разгалат човека, но коишто како да се забранети и платени од решителноста што никој не би ја признал, па едвај и вие, што сте без корен...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Само нивните извршители, со чорапа на глава, со ножот в заби, под ознаката на тигар, мртовечка глава, црни и бели птичишта, оцила, шаховски табли, полумесечини, кружат низ територијата на јужнословенските стада и го земаат својот секојдневен данок во крв, пари и недвижнини.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во задниот дел имаше исто така лилави јорговани, жар црвени и бели трендафили и една единствена, раскошна грмушка мимоза.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Целиот беше крвав. Лицето и белата брада му беа испрскани со црвени дамки, како да прележува сипаници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше ноќ и белите лица и скарлетно црвените знамиња беа силно осветлени од рефлекторите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ходникот низ кој ги поведе беше послан со мек тепих, ѕидовите беа обложени со светли тапети и бела дрвенарија и сето тоа беше беспрекорно чисто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден километар подалеку, Министерството на вистината, неговото работно место, се креваше високо пространо и бело, над невеселиот пејзаж.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Место рогузина и црни козинави покровчиња и шарени перници со слама полни ,овдека ефендиите најдоа: море — душек исполнет со волна, море — веленца, па дури и меки и бели перници со бубаќ и волна полнети!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чисти коси и бели заби. Насмеани луѓе. Шарени бои. Лимузини и виски.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Човекот во сив костим и бела кошула, оној кој и во мое присуство прилично долго се дошепнуваше со Вртанов, најпосле ја собра папката од бирото, му се заблагодари за услужноста и помошта, а потоа, поминувајќи покрај моите нозе качени на бирото, го задржа за момент својот студен и безизразен поглед на мојата дребнавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше измаглица во маглата на темнината, и ова место беше ничие место, и овде воопшто немаше ни година ниту час, само овие луѓе во безличната празнотија на ненадејниот мраз, бура, и бела грмотевица што се движеше зад големиот стрмен панел од зелено стакло — секавицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите негови темни внуци и роднини се криеја по гратчињата ширум светот, вршеа невидени работи со својот ум или вештерските прсти и белите заби; од небото фрлаа огнени јазици или пак итаа по шумите во облик на волци, под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Сакам гума. И црвена, и жолта, и бела, и зелена.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Сакам панделка – вели Лидија. – И црвена, и бела, и жолта, и зелена, и сина, и...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ars poetica кога го опеваш не го спомнувај морето, туку кажи делфин кажи алга, кажи блуз или за морепловците, потонатите ’ртови јодот и струјата зборувај за солта, нуркачите, светилниците за галиите, фосилите, коралите за одронувањата, песокта, реумата за ритамот за матката за бродоломците за капаците на прозорците, кристалите и авантурите, морските болести и трговијата на свила и бело робје за капетаните последни што умираат за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се вртам и бело гледам по ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тапанџијата оди пред тебе и по тебе, му шета тапанот по мевот, забркан меѓу удиралката и белото дреново праче што шврка, што штрака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега е длабока зима и бело е се.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таму крај езеро, под сенките на широките бели омбрели, пиеја и коњаци и црвени и бели вина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако на долната порта излеговме од црквата, мажите почнаа да пеат извикувајќи колку што можеа погласно: Крсти креваме, Бога молиме, Да ни се роди Жито пченица И бело грозје И машки дечиња И женски чупиња...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По дијагоналата се наоѓа ангелот молејќи се смирено и бело.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Беше зима и јас бев убаво облечена во тегет палто, на главата имав беретка, шал, бели длабоки чевли и бели завратки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од спротивната страна на уличкава има само неколку куќи со убави градини и бели бели бели!..
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Скокнува и ломотејќи уште неколку збора напросто се исфрли надвор во ноќта, во длабокиот и бел снег, а по неа, набрзина поздравувајќи се, истрчува и Чана.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Излезе ибн Бајко надвор од храмот, измазнет и бел во образот, како од бербер да излегол, намачкан со ѓулсуи и тие други берберски марифети. Срцето му тупотеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Србинот од Врпоље кој беше пекар ги обезбедуваше со „лепињи“ и бел топол војнички леб.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отсечува две китки од трендафилите, црвена и бела.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Слетавме на мала плажа со сосема бел и многу ситен песок. Како сол ситен и бел.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)