и (сврз.) - благ (прид.)

Нејзините надворешни страни, падините на ридовите, се голи, рамни и благи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така допираше во темницата од ќошот гласот на Пискулиев, тих и благ како обично, без некаква видлива промена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И каменот дури го дише овој чудесен септемвриски воздух, што си го предаваат дните со невозмутима и блага јаснина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нежниот глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имаше и такви кај кои, откако ќе им ја излижев сјајната и блага шарена обвивка, ќе стасав до делот исполнет со сол, а тој толку многу ги печеше заборавените рани и потсетуваше на лажност и на измама.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
XXV. ... Беа едни сосема далечни и благи, едни речиси неосетни трепети од некаков тивок топол повеј; минуваа долго и лесно низ целата негова снага, а потоа сите му се насобираа на лицето и сега му застанаа тука и почнаа да се засилуваат и да го греат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Посегнува по полното чипчаче со чај Ајде милички, сака некој уште од оваа топла водичка, топла и блага?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Наместо одговор Пелагија кон нив двете испрати широка и блага насмевка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Напати најмладиот од нив бојазливо ќе ја спомене чајџилницата и благата напивка од која пиеја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И Чанга беше среќен. Тоа го изразуваше со својот широк и благ поглед, како човечки зрак кој допира до душата...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од темното небо ситниот и благ дождец росеше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)