и (сврз.) - возбуден (прид.)

Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Жива ли е или? - на овие зборови Душка се стресе и возбудена седна на празното столче спроти Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа му расправаше сега Белич, сиот пламнат и возбуден од големите и радосни преживеаници што ги чекаат таму.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Куќата сега се виши ослободена од товарот на птиците со мирни темели врз мртви корења ни ѕидови се тресат ни врати треперат од татнежите на растењето и возбудениот воздух.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заедно и возбудени тргнуваме пругоре, на кај кралската палата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)