и (сврз.) - возвишен (прид.)

Митрополитот им припаѓаше на оној редок вид предводници што таа позиција не ја разбираат како привилегија, туку како високо достоинство, како морална обврска, како етичка и возвишена, не како прагматична и утилитарна вредност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ом GLORIA MOURE Етичкиот или естетичкиот исказ или доказ, дело, општото место на трансформацијата на знаците и значењето, редимејд-от, со сета READY-MADES своја “груба” непосредност, парадоксално го воведува креативниот и комплексен пристап кој се плаши од било каква конвенција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби тоа беше така бидејќи беше останал премногу чист и возвишен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Италијанците најнапред го уапсија, а веднаш потоа и го протераа митрополитот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А можеби и затоа зашто слабости од таков вид себеси не си дозволуваше?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа чувство на таа возбуда и восхит со чудото на дотогаш непознатиот јазик на поезијата, со мелодијата негова, со понорноста на тажачка, во моите идни читања сѐ повеќе ми ги доближуваа по јазик и сензибилитет елегичната инкантација и возвишениот Рацинов лирски занес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Се чини дека во своите почетоци иконокластичкиот бунт против конвенционалната и возвишена уметност ја стави во сенка, иако само за миг, секоја (Редимејди) подлабока мотивација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)