и (сврз.) - домашен (прид.)

Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гладот, немаштијата, ограбената земја од туѓи и домашни сајбии како остен ги дупеа и ги гонеа во туѓина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Татко му преостануваше да трага по најкарактеристичните заемки од областа на географијата, временските појави, додека Камилски покажа расположение да ги изнесе најкарактеристичните заемки од областа на градот: архитектурата и урбанизмот, јавните и приватни згради, внатрешното уредување на куќата, трговијата и занаетите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски предложи тој да трага по заемките на фауната во балканските јазици: дивите и домашни животни, птиците, рибите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од вода и домашно огниште ништо поубаво на светов нема.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Очигледна беше нивната наобразба, но и домашното воспитување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нему пак главата му беше тешка, многу греана ракија и домашно вино.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога излезе неговото височество „ФИЌО“, Телевизорот „Мајор 67“ и домашниот телефон покриен со плетено миленце со една игла, поставен во претсобје врз сандачето за чевли. Тука скопјаништата ги прегазија дојденците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кидавела фишинг е познат и у нашите краишта. Се состои од бегање од дома (и домашни обавези) и ловење у потоци што се производ на канализациона активност...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Ракијата е убава, велам, ако е стара и домашна, а жената е убава, ако е млада и туѓа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)