и (сврз.) - електронски (прид.)

Тука е и електронската машина што решава компликувани задачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И сето тоа поефтино одошто оние коли, а бројот на вработените во автобуската и електронската индустрија поголем одошто беше.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
(Отворено ми ги навел целото име и електронската адреса, но тука ги прикривам, од обѕири кон него.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се подразбира дека потем ќе испратам и електронски одговор во татковината - да не би да папсам во туѓина од толку многу тајни во музиката на ѕвездите од татковината.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)