и (сврз.) - железнички (прид.)

Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уривање на мостови и железнички пруги.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А тоа значеше задушување на востанието во неговата прва фаза, во самиот почеток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исто така се известува дека и железничкиот мост на реката Вардар кај Велес бил уништен, „а дека железничката пруга Градско-Скопје е прекината и железничките прагови се пресечени со механички плуг и мостовите се уништени по целата нивна должина од Хуните“,284
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По посетата на градот ќе го извести Force 399 дека Скопје бил бомбардиран повеќепати и дека се направени големи штети на јавните згради и железничката станица и дека железничкиот мост преку реката Вардар бил уништен.283
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)