и (сврз.) - конкретен (прид.)

Предметите личат на луѓето, луѓето на предметите, звукот е со материјален облик и конкретна боја, бојата со внатрешна смисла и специфична тенденција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Систематско, осмислено подредување на мислата, синтеза на изгубени поими, заборавени моменти, важни одговори и конкретни заклучоци.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога ќе се апстрахира реалниот и конкретен свет, кога ќе се издели тој во празни шеми на логичките категории, и кога овие ќе се пуштаат во еден особен, од Хегел воспоставен логички ред, тогаш навистина развитокот на светот изгледа како развиток на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само таква поезија можете да сфатите, глуперди, и само ваков речник, нагласено директивен и конкретен, може да допре до вашите атрофирани мозочиња кои ионака сте ги заборавиле, еднаш, некогаш, на бербер?!, не ни памтам, важно сум итар и ужасно мразам сѐ што не разбирам. Така треба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)