и (сврз.) - меѓучовечки (прид.)

Иако долги години формално е член и редовно плаќа членарина, тој никогаш непосредно и поактивно се нема вклучено во синдикални активности – со исклучок на едно учество во штрајк 60 организиран од СОНК (ја почитуваше одлуката на синдикатот и се солидаризираше со неговите колеги преку „бојкот“ т.е. неизвршување на работните задачи).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека во склоп на ЦК работеше Клуб-кафеаната, работната атмосфера и меѓучовечките односи во установата беа коректни и сосема во ред.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа беше клучната реченица што го обземаше моето заморено мозоче, кое во последно време не правеше ништо друго од аналитично -индуктивно- дедуктивни преиспитувања на настани, личности и меѓучовечки односи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)