и (сврз.) - модерен (прид.)

Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, сите овие новоградби, грандиозни и модерни, по завршетокот на Изложбата ќе бидат разурнати, а на нивни место ќе се појави одново парк. Такво било барањето на Белгијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како дипломец на шеријатското и модерното право, Татко отсекогаш ја чувствувал тежината на милетот во сите фази од својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На пример, Гастон Жили и Пјер Пату во дваесеттите години во Париз го проучувале посебниот вид на апстрактно хаотично движење, што доведе до убави и модерни „фрактални“ слики коишто седумдесеттите години ги правеше Беноа Манделброд во ИБМ.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се веруваше дека Арафат не успеа да остане на висината на предизвикот што му го понуди историјата, најпрвин поради фактот што војната и мирот, револуцијата и раководењето, тешко се сообразуваат, координираат во исти личности, при што водачите на револуциите, на движењата за слобода ретко стануваат и најдобрите градители на државите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се води борба за национална еманципација и да се создаде демократска и модерна држава бара различни, а понекогаш спротивни квалитети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа христијанска и модерна идеја е една залудна и надуена мисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен прв­пат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)