и (сврз.) - морничав (прид.)

И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Всушност тоа секогаш беше само едно од тие дрвја, кое ќе стореше само едно движење, едно такво движење како кога се сонува тежок долг и морничав сон, и секогаш тоа беше само една ветка, што се исправаше нагоре како празна дланка во несвесно замавнување што оттурнува нешто од пред своето лице, додека под неа се ронеше истресениот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Последно што запишал во тефтерот, пред да отиде и да стане пустиник (тоа, да отиде и да стане пустиник, била негова желба) бил еден сон кој подоцна, во текот на вековите, во Потковицата станал ретка и морничава традиција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)