и (сврз.) - незаборавен (прид.)

Се изжалува и се издавува во себе изговорливото свирење; завива кавалот, се потсмирува и заличува на шумолење на зрело пченично класје, се разбранува како немирен лет на сокол, се шири, ту паѓа, ту се подига, разбранува, согорува, истиснува солзи и незапирливо тече, лета кон домашните прагови, кон кратките љубовни мигови, топлите и незаборавни скришни бакнежи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Посмртните останки на Фаик Коница, пет години по смртта, се погребани во бостонските гробишта под звуците на музиката на Вагнер и незаборавната реч на Фан Ноли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дали Даниел сега чувствуваше дека се прочистил од она за што тој веруваше дека е непростлив и незаборавен грев направен против него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пријателе те молам одобри ми ја желбата да ти раскажам за еден настан, навидум толку безначаен и сепак за мене заради нешто необичен, да не речам голем и незаборавен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега чекореше понесен по тој ветер, просто како да се прегрнуваше со тој свој долго чекан и незаборавен ни во сонот пријател, одеше таму каде што го поземаше неговото немирно кискање, сѐ дури не стаса до работ од шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тогаш од селаните можете да ги чуете најубавите раскази и повести за тешкото и незаборавно минато, за сѐ што ги зближува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)