и (сврз.) - никаков (прид.)

На една меѓународна група обожувачи пред сѐ ѝ е драг како писател, како автор кому ниеден табу не му е свет и никаква опсценост премногу необична за да не може од неа да направи книжевност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто, кога би било променето во која било форма погодна за дадениот момент, тогаш таа нова верзија е минатото и никакво поинакво минато не можело никогаш да постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Расна дискриминација исто така не постои, како што не постои и никаква забележлива доминација на една провинција над друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи: душата на животното е безлична и никакво духовно својство и усовршување не му е потребно; со умирање на телото - умира и таа со него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Царот Соломон е лажго како и секој владетел арамија што е, оти не знае слово да чини оти словото е меко, а власта тврда, оти мудроста е блага и подига а власта отровна и опчинува. И никаков поет Соломон не е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Штета ќе е од него да стане еден ништо и никаков занаетчија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не постоеше во него никаква омраза и никакво непријателство кон овој прекрасен див нерез, црн и болснат, каков што му се присторуваше, со онолку многу сила во своите скокови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ним доктор Гете им објаснуваше дека одењето в град лошо би влијаело на нивното психичко здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)