и (сврз.) - печен (прид.)

Дури во Букурешт, на самото сајмиште, од големи буриња се точеше шира, а со неа, како романски специјалитет, во дрвени паници, заедно со мамалигата, се служи и печена пастрма...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дамите со пудлици скришно гнетат кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го нарекуваат македонска салата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да ми гу пулиш дејтту! извикуваше Чана сè уште голтајќи леб и печена пиперка, заминуваше на работа во бавчите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ширата и мамалигата, и печената пастрма и попатните земјоделски изложби, брзо се забораваат кога на влашката рамнина ќе се појават петролејските кули, чиниш безброј како една шума.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)