и (сврз.) - питом (прид.)

Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој не вика тогаш. Луѓето не викаат и не се тревожат ни кога галебите и дивите и питомите патки ја гонат и ловат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа добродушни и мирни, како две големи животинки (бригадирот Језекил: како две бачилски подрастени кутриња, ах да), а беа послушни и питоми и сѐ ги губеше своите вистински размери, кога ќе го дофатеа тие, сѐ стануваше некакво кревко и совитливо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Водите густи и питоми по сјајниот метал на утрото водите полни со твојата умореност На патот до смртта како на патот до ноќта Понекогаш само ќе наврати гугутка амајлија на една дамнешна љубов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ми се гади од диви и питоми животни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи има вистини кои не се кажуваат во дијалог на гозба и оргија, при муслини и мириси од етерични масла и прележани вина има вистини кои не се питки и питоми вистини сами од себе кои вреват вистини за преврат за народ, аристократи и пците веќе знаат и глувците осеќаат! __
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)