и (сврз.) - подготвен (прид.)

Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чини дека масата, столовите, мушамата се дел од изложба, постојано чисти и подготвени.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само, видете, Кери Грант не можеше да биде убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сака повеќе да живее и подготвена е да умре од неговите раце.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И ќе ја фати татковата рака и ќе му посака среќа со своите крилја, подвиени и подготвени, тука на работ од бездната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Целата глетка изгледа како да е дел од некој напуштен сценски проект.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но тие беа одамна помирени со судбините, нивна единствена грижа беше како да им помогнат на своите потомци да го разберат Балканот и подготвени да живеат во него без омраза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)