и (сврз.) - помал (прид.)

Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојот отпор кон неа беше сѐ помал и помал.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, бидејќи по распадот на бившата заедничка држава, се изгубија голем дел од пазарите кадешто фабричките производи беа етаблирани и препознатливи, фирмата западна во тешка криза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите почнаа да доцнат, а подоцна и воопшто да не се исплаќаат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е да се спомене дека со секој нареден бран на вакви колективни отпуштања, правата на оние работници кои остануваа на улица беа сѐ помали и помали.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Земанек имаше тажен живот; израснат без татко, со мајка и помала сестричка, тој го имаше преземено бремето на глава на семејството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Внатре лежел на куп кожи вујкото Јаков, сам и помал отколку што бил пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад ја бутнал вратата со нога (светецот се затетеравил од ударот, копитото на коњот се допреле до аждерот) и влегол во одајче претесно и за џуџе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со припомош на тие пилиштарци, некако се довлечка до дома, каде што го презедоа жената и помалиот син.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ние, поголемите, а и помалите деца, а главно бевме сите мали во италијанско - грчката војна, во крајезерскиот Поградец, не го разбиравме вистинското значење на развеаните знамиња, час од една војска час од друга војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)