и (сврз.) - почитуван (прид.)

Навистина смртта на наш близок и почитуван роднина е таков феномен што најсилно ја поттикнува униформноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Верувам дека се присетувате: станува збор за “Дубровничкиот зимија и благородник Никола Леко*, инаку долгогодишен трговец и почитуван жител на Скопје.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Сакана и почитувана писателке, Ката Мисиркова - Руменова, почитувана директорке и мили наставници, драги соученици и соученички, имам голема чест да ве поздравам и да ја отворам денешнава долгоочекувана средба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не какви било, а учени, умни и почитувани... - долго ги фалеше стројничката Мискарица момата и нејзината фамилија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)