и (сврз.) - пресреќен (прид.)

- Сребрен е, знаев дека ќе ти се допадне! – бев горда и пресреќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Куќата ми белее во просторот, а главата цути среќна и пресреќна. Насмеана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А потоа ќе се вратат дома – несреќни што се враќаат и пресреќни што се враќаат.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Мора да е многу скап – додаде мајка ми. – Па, колку е нежно изработен, како филигран – се воодушевуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)