и (сврз.) - проѕирен (прид.)

Костумот што не го соблече од вчера му беше сосема истуткан од долгите преместувања од една на друга фотелја додека синоќа се обидуваше да најде место кај што ќе му дојде сонот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тестото спласна, острите светилки во многуте очи изгаснаа, далеку планините беа меки и проѕирни лисја момирок и покриени со водникавомлечна пара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред мене стоеше таа - танка и проѕирна како најубав лист од момирок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Низ прстите на рацете, кои станале тенки и проѕирни по божикните пости, ѕиркаше килибарната бројаница.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А, моите лаги,исти секој ден, исти, смешни и проѕирни: „Па немаше автобус, кочан се сторив на автобуска...“, па „ми побегна пред нос“, па „се расипа на ’Јаја Паша’, па „чекав друг да дојде“ и сѐ така...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)