и (сврз.) - свет (прид.)

„Крешчаетсја раб божи ...“ — Кажи нунко име! — Трајко. И попот продолжува: „Крешчаетиа раб божи Трајко, во имја отца амин, и сина амин, и свјатаго духа амин, амин, амин“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Долго време членовите од еден народ треба да се занесуваат од едни исти народни идеали, општи и свети за сите членови на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Циљка прекина, воздивна длабоко, погледна на околу и тивко, одвај чујно изусти: - А дедо и баба и мајка и татко и сите ние рожбите нивни дома секогаш вака си се крстевме и велевме: слава Отцу и Сину и Свјатому духу и ниње и присно и во вјеки вјеков... Амин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А.А. најпосле ми даде можност да продолжам: - Во одговор на вашето прашање, да се вратиме на прашањето на Апокалипсата и светите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бог ми е сведок и Света Троица, И Пречиста Света Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со оглед на фактот дека во претходната тродимензионална ера владеело светото тројство во кое спаѓаат отецот, синот и светиот дух, сега се додава четвртиот елемент, а тоа е мајката.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Само ако архитектот, ѕидарот и станарот се обединети, тоа значи една личност, може да се зборува за архитектура. (...) Архитект- ѕидар- станар се троединство, како Богот- татко, синот и светиот дух“, пишува Хундертвасер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа внатрешно неспокојство кај неа се зголемуваше со самото приближување на уште една година, сигурно е поради тоа, си мислеше, што повеќе да посакам во Новата година кога веќе Господ и Света Богородица се смилуваа на мене и ми го покажаа патот до благородното срце на мајка Перса!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако можев да убивам за да не бидам убиен; ако можев преку нишанот да ја решавам мојата судбина а не преку божјите заповести и светиот крст, беше дури и праведно да ја ослободам мојата мантија од душевните прегрешенија!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ајде белким ќе не запази Ристос и света Богородица мајчица, та не ќе им падне на ум да го направат тоа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)